Отецот Партениј нов епископ на МПЦ-ОА


Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби нов епископ.  Синодот на МПЦ-ОА денеска го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил епископско седиште. Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

IZBOR_VLADIKA_OTEC_PARTENIJ-29На денешната седница на Светиот архиерејски синод е прифатена и одлуката на митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф да биде ослободен од митрополиската должност од здравствени причини, а за негов наследник е избран игументот на „Свети Јоаким Осоговски“, отец Григориј за епископ Сарандополски до моментот додека да биде интронизиран за Кумановско-осоговски.

Отец Партениј е избран едногласно, а отец Григориј со значително мнозинство. Одлуката на митрополитот Кумановско-осоговски да се повлече од митрополската должност, како што изјави портпаролот на МПЦ-ОА митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, е малку невообичаена, имајќи предвид дека г. Јосиф е човек на 40-тина години. – За најголем дел од македонската јавност, вклучително и за мене како портпарол на Светиот Архиерејски Синод, не знаев дека е во таква состојба, дека ќе побара ослободување од архиерејска должност имајќи предвид дека е човек на 40-тина години, изјави Тимотеј.

IZBOR_VLADIKA_OTEC_PARTENIJ-11Наречението (објавување на веста пред верниците) за отец Партениј е закажано за 11 јули во манастирот „Свети Јован Бигорски“, а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во Охрид. За отец Григориј наречението е закажано за 25 во манастирот „Јоаким Осоговски“, а на 26 ќе се одржи хиротонијата во црквата Свети Никола во Куманово.

По тој повод раководството на Здружението на граѓани „Брзовец“ на чело со претседателот, г-дин Јосиф Саржовски испрати честитка за изборот на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија.

Во писмената порака, меѓу другото, се нагласува дека Тресончани, како во минатото, така и во иднина, ќе продолжат да се грижат за традицијата од предците за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир, „Св. Јован Крстител“.

Писмото го пренесуваме во целост:

IMG-f1eb32d47d4084e2b5dea3d002fe17b5-V

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s