Томо Смилјаниќ – Брадина


Томо Смилјаниќ – Брадина (Тресонче13 јуни1888-Белград10 мај1969) бил македонски и српски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист.

Биографија

Томо БрадинаСмилјаниќ е роден во Тресонче на 13 јуни 1888 година, во големото семејство Брадиновци. Прекарот го добил по својот прадедо Сарџо Караџа Брадинa Презимето Смилјаниќ го добил во Белград, каде што како бистро момче бил прифатен од Друштвото „Св. Сава”. Основното бугарско и српско училиште го завршува во родното село и во Битола, а Српската гимназија во Солун во 1906 година. Учителствувал во селата Тресонче, Долно Мелничани и Галичник (1906-1911). Се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, но веднаш ги прекинал студиите и, во подготовките за војната со Турција, се вратил во Македонија како српски четник. Учествувал во сите српски војни и од Крф бол испратен во Франција, каде што ги завршува студиите по географија и историја во Клермон Феран (1917–1919). По враќањето предава во гимназиите во Тетово (1920/21) и Скопје (1921–1927), а потоа во Трговската академија во Скопје (1927–1931). Во Франција ја одбранува докторската дисертација „Нашите стари племиња Мијаците и Брсјаците во Јужна Србија“ (1930). Потоа е народен пратеник за Галичко-дебарската околија (1931–1934), па инспектор (1935–1939) и началник на Просветното одделение на Вардарска бановина. Патува по Европа (1940–1941), а потоа пак се вклучува во војната против Германците кај Призрен, но се повлекува во Србија и работи во Учителската школа во Алексинац, а по 1946 г. како пензионер живее во Белград. Истражувачката и литературната дејност ја започнува уште како српски учител. Соработува во разни весници и списанија, но и во угледни научни зборници на скопскиот Филозофски факултет и на САН во Белград. Вршел историско-етнографски истражувања на Мијачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци (Партениј Зографски, Ѓорѓија Пулевски и др.), а ги проследувал и делата на П. Драганов, Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски.

Библиографија

Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнал серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924–1928), а ја продолжил под името „Старовремска библиотека“ (1929), во која ја објавил стихозбирката „Песмарица“ што содржи и 7 песни на македонски јазик, насловени како „Старовремски мотиви“. Во ракопис се останати: романот „Горјани“, расказите за деца „Смиљеи босиље“, мемоарите „Моје успомене до 1912“ и др.

  • На планини и друге приповетке из Македоније, Скопје, 1924;
  • Стојна и друге приповетке из Македоније, Скопје, 1924;
  • Седи краљ, Скопје, 1925;
  • Канонска визитација Река, Скопје, 1925;
  • Маќедонски печалбари. Драма у пет чинова с певањем, Прилеп, 1927);
  • Песмарица, Скопје, 1929;
  • Краљ слободар – Краљ миротворац, Скопје, 1936;
  • Идеалисти (првиот чин од драмата), „Јужни преглед“, Скопје, 1937.

Наводи

  1. Д-р Блаже Ристовски, Македонското поетско дело на Томо Смилјаниќ-Брадина (1888–1969), „Современост“, XXIV, 4, 1974, 307–327;
  2. Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, I, Скопје, 1980, 133–164;
  3. Д-р Јованка Стојановска, Книжевното и научно дело на Томо Смиљаниќ-Брадина, Скопје, 1994

Литература

  • Книжевното и научно дело на Томо Слилјаниќ – Брадина, Спектар, Скопје, 1994