Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија


Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со превод на грчки јазик, со особености на писмото од 19 век….

Тресонче организира голема работна акција за рсчистување на селото


ИЗВЕСТУВАЊЕ! На ден 27.06.2020 (сабота) во Тресонче ќе се одржи традиционалното пред-Петровденско расчистување на гробиштата, црквата, Лениште и тн. кое што е планирано да заврши со заедничка скара.. Ги повикуваме сите Тресончани и љубители да се вклучат во акцијата, секој што е во можност да понесе моторна пила, тример, коса, секира и тн. (гориво за…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска


Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во Делчевско, во борба против…

Повеќе за Игуменот на Бигорската Обител, Отец Партениј – новиот епископ на МПЦ-ОА


Архимандрит г. Партениј Бигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух. Уште од најрано детство задоен со силна љубов кон Бога, го започнува својот духовен пат, најнапред во средното богословско…

Отецот Партениј нов епископ на МПЦ-ОА


Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби нов епископ.  Синодот на МПЦ-ОА денеска го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил епископско седиште. Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде…

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците


Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој архаичен, исчезнат…

МВР нема да го спречува одењето во викендички


Со огледа на продолжениот викенд за време на празникот Велигден и можноста многу граѓани да се упатат кон своите викендички или станови во туристичките места, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев апелира граѓаните да ги организираат своите обврски до 16 часот во петок и притоа внимавајќи навремено да пристигнат до посакуваната дестинација. -Ограничувањето на движењето…

Долго очекувана вест за отстранување на блокадата: Заврши кризната состојба во Дебар


Од денешен ден за Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат за територијата на целата држава, соопшти директорот на Центарот за управување и кризи, Агрон Буџаку. Викендов заврши кризната состојба на териториите на општините Дебар и Центар Жупа. На денешната седница Владата одлучи да се укинат сите дополнителни мерки предвидени за…

ДИМИТАР АВРАМОВСКИ ПАНДИЛОВ


Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век. Селото Тресонче е татковина на прочуените резбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци – Зографски, Печаровци и Дичовци. Според усното предание, се знае дека основач на фамилијата Дичовци, резбари и…

Владата ги задолжи МВР, ЦУК и МЗ сите затекнати лица безбедно да ги напуштат викенд куќите во Маврово и Ростуше


Владата на синоќешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација во општините Маврово и Ростуше или во непосредна околина, безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по…

Контроли кај Маврови Анови и Бошков Мост и прекин на автобускиот сообраќај Гостивар – Дебар


Автобуските линии од Гостивар кон Дебар привремено се укинати, а угостителите доследно го почитуваат новото работното време. Кон препорачаните мерки се приклучи гостиварската локална самоуправа, која синоќа отпочна со дезинфекција на градските улици. Според информациите од гостиварската автобуска станица, од денеска автобускиот превоз од Гостивар кон Дебар е во прекин како дел од мерките кои…

Заловена втора женка рис во близина на Стража


Тимот што работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД) со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ во близина на Стража. Се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката се презедоа стандардни процедури…